Утринско кафе со Ирина Цоневска: Ме мотивира движењето, растењето

Добивај вести на Viber

Првото кафе го пијам сама, на нога, додека се подготвувам за на работа. Иако почнувам работа во 12, не сум утрински тип на човек и ми требаат две утрински кафиња за да се расонам. Едно дома и едно на работа, пред да почнам.

Сакам секој ден да бидам подобра од претходниот. Да направам нешто ново. Ме мотивира движењето, растењето.

Станувам, задолжително се бањам. Го шетам Рико (the dog). Завршувам доколку имам обврски било какви пред да почнам со работа или цртам нешто. И потоа главам на работа цел ден и се враќам дома за спиење. Го шетам уствари кучето уште еднаш пред спиење, гледам една епизода од friends и ZzZzzzz.

Вечерта ми завршува во друштво на Рико и Блаже, си гледаме „Netflix“ и си заспиваме во првите 10 до 20 минути.Некогаш сум уморна од интернет и гледање во екран и сакам да читам, но некогаш сум многу изморена и сакам само да гледам некој лабав филм и да го пуштам мозокот на пасење.

*Ирина Цоневска- „tattoo“ мајстор