Утринско кафе со Јана Бурческа: Денот ми почнува со гласот на Дона
Денот ми започнува со гласот на нашата Дона, во раните утрински часови. Откако таа ќе го заврши својот утрински ритуал, преминувам на својот, односно нашиот, со сопругот. Заедно го пиеме првото кафе и појадуваме секое утро.
Овој период сум целосно посветена на нашата ќерка, таа е во центарот на плановите и обврските. Сонцето ни е најдобар пријател со кој постојано се дружиме. Често се случува да приредам концерт за Дона, со шаренолик репертоар - од опера до Боливуд. Се трудам во текот на денот да направам и нешто за себе, нешто што ме исполнува, како на пример ова интервју (се смее).
Обожавам документарци од областа на медицината, здравје и исхрана, но искрено и зависна сум од серијата The Big Bang Theory. Сакам и да читам, и покрај тоа што периодов немам доволно „раат“ за тоа, последна книга што ја прочитав е „За самиот себе“-тон мудрост од Римскиот император Марко Аврелиј.
Ме мотивираат најблиските, секако, семејството и пријателите, но и оние кои не веруваат дека можам. Ме мотивираат сончеви денови. Ме мотивира конструктивна критика.
Вечерта ја минувам со сопругот бидејќи тоа е оној дел од денот кога сме сами и можеме да се посветиме еден на друг. Уживаме во добра партија карти со друштво.