Утринско кафе со Јасмина Ѓорѓеска: Синот Андреј ми е ѕвездата водилка
Денот ми започнува со будење на синот и негово испраќање на училиште. Работниот ден започнува најрано во 10 часот, така што пред да тргнам на работа ги извршувам домашните обврски. Не сум голем љубител на кафе едно до две максимум.
Кафето ретко го пијам сама, тоа ме асоцира на дружба, разговор па така и го пијам во друштво со колеги, пријатели. За викенд обично со Андреј (мојот син) имаме обичај да седнеме и уживаме во заедничко пиење, тој какао, јас кафе (моментите се важни).
Отсекогаш (од најрано детство) сум знаела што сакам, што можам и си поставувам одредени цели кои до ден денес сум ги исполнила, тие цели секако се реални и достижни. Мотивацијата со раѓањето на Андреј ја црпам од него тој ми е ѕвездата водилка, моето семејство -родителите и брат ми како и мојата работа која ме исполнува максимално. Музиката е најблагородна професија, можеби кај нас малку платена, но во секој случај јас се чувствувам привилегирана што ја работам оваа професија (турнеи, семинари, натпревари,
Поголемиот дел од денот го поминувам работно во мојата матична куќа Македонска Опера и Балет каде работам како диригент со оперскиот хор (подготовка на премиерни опери, вокално инструментални дела, опери од редовниот тековен репертоар…) По враќањето дома следат домашни обврски и максимално посветување на синот со кого во работните денови се гледам многу малку, но се трудам тоа време да е квалитетно искористено. Викендите целосно ги посветувам на себе и моите најблиски често одиме во Тетово мојот роден град, прошетки со синот, спортување, готвење (уж
Од понеделник до петок во вечерните часови најдоцна до 22.30 часот повторно сум на проби овојпат со Академскиот хор Мирче Ацев. Помалку заморна но секогаш духовно исполнета се враќам дома каде ме чека Андреј спремен за гушкање, чаша млеко пред спиење. Понекогаш излегувам на пијачка и добра музика (по можност во локал каде се игра) со моите пријатели да се опуштам и наполнам батерии…
Многу ме исполнува и работата и со Градскиот мешан хор „Вардар“, уживам и во времето поминато на пробите со нив.
Голем филмоман сум, сакам драми со квалитетна содржина, често гледам во доцните саати но се случува и денски да се заборавам, книги преку работна година ретко читам (освен стручна литература), но затоа за време на летниот одмор, верувајте надополнувам за сите пари.
Јасмина Ѓорѓеска, хорски диригент во МОБ и на академскиот хор „Мирче Ацев“