Утринско кафе со Марина Горњивска: Колку попозитивно гледаме на светот, толку повеќе ќе добиваме за возврат

Добивај вести на Viber

Јас сум од оние личности кои повеќе им се радува на утрото отколку на ноќта. Денот секогаш ми почнува исто, освен во недела.

Станувам во 6:00 ч пијам чаша вода и си го правам моето кафе.

Додека да се олади кафето се туширам и седнувам во тишина со минимално светло уживајќи во кафето.

Додека го пијам кафето го планирам денот и секогаш гледам да си ги сработам сите планови што си ги имам зацртано за тој ден.


Во 7:00 ч го будам мојот син се подготвуваме и излегуваме од дома. Тој оди во градинка јас продолжувам во теретана.

Аромата на утринското кафе е незаменливо.

Во моментот кога ќе почнам да мислам на моето прво утринско кафе телото веднаш ми ослободува допамин и почнувам одма да се чуствувам добро.

Телото брзо ми го апсорбира кофеинот и за неколку минути се расонувам.

Кофеинот освен што ми ја подобрува будноста ми ги подобрува и физичките перформански со поголема издржливост во моите тренинзи како еден вид „preworkout”.

Моето прво кафе е јако, црно и без шеќер, и најчесто е само една голема шоља кафе во текот на денот.

Второто го пијам после ручек, ама никогаш не го пијам цело.

Како го правам ? Нема некоја филозофија ставам голем филџан вода и полно лажиче кафе и чекам да зоврие за да нема многу кајмак.

Јас сум човек чиј ден не може да помине без тренинг , така ми налага и самата работа , затоа што сум фитнес тренер.

Моите лични тренизни се секогаш наутро и тие дополнително ми го подобруваат расположението преку целиот ден.


После секој тренинг јас сум подготвена да ги продолжам моите обврски среќна и со повеќе сила и енергија.

Ме мотивира вербата во себе, вербата на моите членови во теретана, вербата на моите следачи на социјалните мрежи.

Ме мотивира да одам напред и дека сум се обидела да го правам тоа што го знам и сум дала се од себе. Ме мотивира довербата што ја има моето семејство во мене.

Гледам каде што можам секаде да си најдам по некоја мотивација.

Како што кажав и претходно , моето станување секој ден е во 06часот.

Тренинзите секој ден ми почнуваат во 08:00ч освен недела.

Држам часови за групни тренинзи во ФИД ЏИМ теретаната во Автокоманда која што ја држиме заедно со мојот сопруг.

Тренинзи имаме секој работен ден утрински и попладневни .

Помеѓу тренизите најчесто се затварам во кујна истовремено ги завршувам и другите домашните обврски додека син ми е во градинка за да можам после целосно да се посветам на него.

Од теретана дома си доаѓам во 20:00 часот.

Олег ме чека уште на врата и ми вика “Ајде мамо да си играме”. Времето е кратко за пред легнување ама гледам максимално да го искористам за да се дружам со него.

Додека вечераме и се средиме доаѓа време за спиење. Олег најчесто заспива во 22:00, а јас гледам остатокот да го поминам со сопругот за да можеме да си го раскажеме денот.


Пред да станам мајка редовно читав книги сега за жал многу слабо време имам за тоа задоволство. Децата брзо растат и сега ќе го искористам секој момент за да бидам во игра со него.

Филм најчесто гледам пред да си легнам ама и тогаш не успевам секогаш да го изгледам цел.

Јас сум личност што секогаш се буди со убава мисла и секогаш сум со позитивни размислување. Односно колку попозитивно гледаме на светот, толку повеќе ќе добиваме за возврат.


Позитивното размислување, позитивно влијае и на здравјето и помалку ќе страдаме од депресија и анксиозност.

Изгледајте толку среќни, што кога ќе ве погледнат другите и тие ќе станат исто толку среќни.



*Марина Горњивска - Фитнес тренер