УВ зраците знаат да бидат вистински непријател во лето: Како правилно да се заштитите од сонцето?

Добивај вести на Viber

Топлите денови секогаш нѐ намамуваат и сите се трудиме, повеќе или помалку да добиеме тен. Иако повременото изложување на сончевите зраци е препорачливо и здраво, често се случува за време на деновите од летото да заборавиме на умереноста. Поради тоа на кожата можат да настанат многу оштетувања, а воедно да се поттикне забрзано стареење. Ако ги почитувате овие 12 совети во продолжение, вашата кожа подолго време ќе биде убава и здрава.

1. Адекватна облека која штити од сонцето

За да ја заштитите кожата од штетните УВ зраци се препорачува во топлите денови од летото да носите облека која покрива поголем дел од кожата, но дозволува да се чувствувате удобно.

Удобните, но густи ткаенини и материјали како ленот и пакумот ѝ дозволуваат на кожата да „дише“, а воедно спречуваат да биде под директен удар на сонце. А, сувата облека штити подобро од мократа.

И не заборавајте ги шеширите и марамите, бидејќи така ја штитите главата, односно косата, ушите, вратот, грбот, но и деколтето.

2. Избегнувајте сончање кога сонцето е во зенит

Експертите често го насочуваат вниманието на тоа дека изложувањето на сончевите зраци во лето е најопасно во период помеѓу 10 и 16 часот, кога се најсилни. Избегнувајте, доколку можете, во овој период на денот да не бидете на сонце.

3. Користете креми со заштитен фактор

Секогаш користете креми кои имаат адекватен заштите фактор! На лицето задолжително нанесете ги оние кои имаат висок - 50, а доколку имате во план да уживате во пливањето, одберете ги оние кои се водоотпорни.

4. Кремите за сончање со заштитен фактор се наенсуваат во дебел слој

Секако, не посочуваме на тоа да бидете бели, но потрудете се слојот на кремата за сончање да не биде тенок, бидејќи така нејзината заштита се намалува за 50 проценти.

5. Редовно нанесувајте крема за сончање

Тоа значи дека е потребно да се придржувате на правилата, односно да обрнете внимание на заштитиот фактор, бидејќи тој го претставува времето во кое кремата ве заштитува од сонцето.

На пример, доколку користите крема за сончање со заштите фактор 50, тогаш е потребно да ја нанесувате на секои 50 минути до еден час, за таа адекватно да ја завршува својата намена. Секако, пред излегување на сонце, кремата нанесете ја од 20 до 30 минути порано, за на кожата да ѝ овозможите доволно време за да ја впие.

Секое пливање или влегување во вода бара потоа повторно да нанесете крема за сончање.

6. Балсами за усни со заштитен фактор

Како што се грижите за кожата, така е потребно и внимателно да одберете заштита на усните, кои се многу чувствителни.

Затоа, во текот на летото бирајте балсами за усни со заштитен фактор.

7. Сенка како заштита од сонцето

Иако сенката нуди одредена доза заштита од сонцето, бидете внимателни. УВ зрацие се одбиваат од различни површини - песок, бетон, па затоа сме изложени на нивното влијание. Кога сте под сонце или под дрво, сепак не заборавајте да нанесете крема со заштитен фактор.

8. Избегнувајте долго сончање

Иако долгото сончање е особено опасно за личностите кои имаат светла кожа, ни оние со темен тен не треба да претеруваат во тоа. Ако не можете да оддолеете да им се препуштите на сончевите зраци, изложувајте се постепено.

9. Облаците не штитат од влијанието на сонцето

Често може да се слушне дека за време на облачните денови може да се сончате подолго. Тоа не е точно, бидејќи облаците ги пропуштаат УВ зраците и може да ви се случи да изгорите.

10. Заштита на косата од сонце

Денес се достапни различни спрејови за коса кои имаат заштитен фактор и препорачливо е да се користат за време на сончање. Потоа, косата дополнително нахранате ја со препаратите кои ви одговараат.

Квалитетот на производите за заштита од сончевите зраци е многу важен, а нашиот предлог може да го видите на:


Следна страна