Ужасно ми е тешко: Вики Миљковиќ за двете најголеми загуби во животот

Пејачката Вики Миљковиќ ја запознала љубовта на нејзиниот живот на многу млада возраст, на неполни 19 години.

Вики искрено за забранетата врска со Ташке: Ги излажав родителите и избегав од дома

- Имав среќа да ја запознам мојата поубава половина на многу млада возраст и заедно сме 30 години. Ми недостига тоа време - вели Вики во емисијата Магазин Ин.

 - Времето додека моите родители беа живи, и тоа ми недостига. Јас сум семеен лик. Ја сакам таа топлина дома, сега ми недостигаат и моите родители, ја сакам таа топлина каде што се чувствувам безбедно - призна Вики.

Вики раскажа и за тешките моменти во животот кога нејзините родители починале.

- До смртта на мајка ми, смртта на татко ми беше најголемата загуба во мојот живот. Знаете, имате два прста, па едниот го сечеш, другиот го сечеш, кој боли повеќе... И двата болат. Мајка ми почина минатата година, за жал останав без двајцата родители, а тоа е страшно тешко. Кога умре татко ми, имав мајка, а јас и брат ми некако се залепивме за неа и таа беше замена за сето тоа и се уште не можам да прифатам дека го нема ни него ни неа - открива Вики.

извор:grand.online

Пејачката од 66 килограми се симна на 48: Вики Миљковиќ откри зошто и како изгубила толку тежина