Пејачката од 66 килограми се симна на 48: Вики Миљковиќ откри зошто и како изгубила толку тежина

Пејачката Вики Миљковиќ, актуелна и како челн на жирито на „Ѕвездите на Гранд“ вели дека драстично ослабела кога починал нејзиниот татко, а потоа и нејзината мајка.

Пејачката Вики Миљковиќ вели дека стресот е одговорен за нејзината витка линија.
Имала 66 килограми, а по смртта на нејзиниот татко изгубила дури 18.

- Стресот многу влијае на мојата тежина. Кога татко ми почина, изгубив 18 килограми и тогаш бев најслаба. Тоа беше најтешкиот момент во мојот живот и тогаш не размислував за храна - вели Вики, пренесува порталот „Курир“.

Таа вели дека во меѓувреме се опоравила и успеала да врати околу десет килограми, кои повторно почнала да ги губи.

- Минатата година почина мајка ми, и повторно изгубив многу килограми. Знаете како велат: „Ќе исечеш еден прст, па друг. Кој повеќе боли? И двата болат исто“
Останав без двајцата родители и тоа е страшно.

Таа е во моментот со нејзиниот сопруг Драган Ташковиќ Ташке на петровденски пост, кој трае до средината на јули, и истакнува дека и постот и помага во одржување на витка линија.

- Сопругот и јас редовно постиме. Јас сум најзгодна токму кога постам.

Таа исто така истакна дека може да се „заблагодари“ на нејзината фигура и поради физичката активност.

- Сега настапите започнаа, така што немам толку време за тренирање, но редовно се движам и тоа ми помага и да бидам витка. Најтешко ми беше да се лишам од слатки, што можам да ги јадам во неограничени количини.Многу сакам слатки, и ме уништува секогаш кога ќе претерам. Најмногу сакам да јадам домашни десерти - баклава, колачи, а сето тоа е полно со шеќер. Кога ќе се здебелам, тогаш не јадам ништо слатко два месеци и успевам да ослабам.

извор:24sedam.hr

Поврзано:

Вчера го бодреше Мите во „Ѕвездите на Гранд“, денес ужива на Кипар со Цеца: Видео кое ги разнежни обожавателите на Вики Миљковиќ

Вики искрено за забранетата врска со Ташке: Ги излажав родителите и избегав од дома