Уживаше во гламур, а денес постојано има црно под ноктите - Пејачката собира чаеви и одгледува зеленчук: „Нон-стоп сум во калта“

Хрватската пејачка Ивана Банфиќ порано жареше и палеше на југословенската сцена, зад себе има турбулентно минато, а денес ретко може да ја видиме во јавноста и медиумите.

Се чини дека таа радикално го промени својот живот, се посвети на природата, собира чаеви, а како што функционира според објавите, не е чудно да се фати за мотика.


Во една прилика, таа со насмевка откри дека поседува стаклена градина:

- Викендов работев напорно, стаклената градина и градината се подготвени за нови плодови. Најдобро се чувствувам во природа, кога сум во контакт со земјата и имам црно под ноктите, црн „френч“, без шминка, без потпетици, цела извалкана од кал...


Ивана помина извесно време во Индија, а по враќањето рече дека ќе живее во глинена куќа.

- Ако некој пред 11 години ми кажеше дека, еден ден ќе живеам во Хрватска во ваква куќа изградена од природни материјали од глина, слама, дрво, ќе му кажев. .. ма, не можам ни да го замислам тоа! Нашиот семеен дом ќе биде подготвен наскоро. Во природа покрај реката Купа во шумичка. Знаците се насекаде околу нас, само треба да ги видиме и да препознаеме што ни велат. Имам некои мислења и верувам дека се‘ е запишано и договорено таму некаде - им рече неодамна на своите следбеници на Инстаграм.



Фото: Инстгарам/Ивана Банфиќ 

Видео: Youtube

Ме нарекуваа глупава зашто порано не сум го „убила“ моето дете: Ана Бекута за синот кој го даде во дом