Вака го прават тоа кралиците: Мали детали кои ќе ве претворат во Божица на стилот
Заборавете на принцезите, овие кралици изгледаат достоинствено, елегантно и кралско без кринолини и круни на главите. Нивниот стил е толку префинет и природен што може да ве инспирира кога ќе останете без инспирација.
Кралицата Ранија
Кралицата на Јордан одлично ги комбинира модерните западни трендови и традиционалните источни. Тоа и дава доза на мистика, но генерално, модните трендови не и се туѓи, па ќе ја видите во панталони, кои ги носи со иста леснотија како црвениот женствен фустан на фотографијата.
Кралицата Максимa
Данската кралица, на крајот на краиштата, како и сите Скандинавки, негува лежерен и елегантен изглед, а и спортските комбинации не ѝ се непознати доколку приликата го бара тоа. Таа е позната по боите на скапоцените камења, кои често ги избира за нејзината гардероба. Фантастичната бордо наметка е нејзин заштитен знак оваа сезона.
Кралицата Летиција
Софистицирано чувство за стил, модни комбинации без премногу детали, смели кроеви и вродено достоинствено држење се карактеристични за шпанската кралица. Токму затоа таа ја носи титулата на една од најдобро облечените жени во светот.
Кејт Мидлтон
Војвотката од Кембриџ се‘ уште не е кралица, но нејзиниот изглед е таков. Таа ги почитува ригидните судски протоколи, но секогаш наоѓа начин да даде личен печат. Нејзината гардероба прифаќа и модели од познати дизајнери и комерцијални брендови, а начинот на кој ги носи и комбинира е за восхит.
Фото насловна: Инстаграм - Кралицата Летиција, Кралицата Ранија, Кралицата Максима, Војвотката до Кембриџ
Фото: Инстаграм