Вака изгледам без шминка и со неуредна коса, а кога ќе се средам сум како божица: Жена ја покажува моќта на шминката

Добивај вести на Viber

Тиктокерката и професионална шминкерка Даниел Кортланд Бус уште еднаш покажа колку е моќна шминката, особено ако сте ги совладале ефективни трикови за шминкање. Таа неодамна сподели видео на кое се гледа како изгледа пред и после шминкање, а разликата е неверојатна!

Снимката брзо стана вирална, и не е ни чудо ако се земе предвид колку малку е всушност потребно за една жена да блесне. На почетокот на видеото, Даниел го покажува своето лице без трошка шминка и со собрана коса во пунџа, за веднаш потоа да му се покаже на светот во полн сјај.

Вешто контурирано лице, светол кармин, сенки во розови и портокалови тонови и бујна коса полна со волумен - сето тоа придонесе оваа жена да добие сосема поинаков, поатрактивен изглед!

@daniecobo More magic #OutlanderChallenge #fypシ #fyp #makeup #beforeandafter #transition #glowup #donttell original sound - Aslan Silver

Очекувано, ова видео ја воодушеви публиката на социјалните мрежи, а имаше и голем број комплименти и позитивни реакции. „Ќерка ми ме праша дали ова е магија, а јас се прашувам истото“, „Леле, ова е нереално“, „Толку неверојатно“, „Ти си апсолутно убава“, „Посакувам и јас да бев толку талентирана“. „Откриј ми ги твоите тајни“, „Ти си всушност убава жена“, се само дел од коментарите.

извор:zena.blic

Нереални трансформации во Дино Мерлин, Тома, Новак Ѓоковиќ, Анастасија Ражнатовиќ: Стефан Суботиќ доби пофалби дури и од Ким Кардашијан