Вака се носи кариран дезен на 20, 30, 40 И 50 години: Учиме од Кејт Мидлтон и Викторија Бекам

Добивај вести на Viber

Ако го избегнувате карираниот дезен бидејќи мислите дека е многу тежок за комбинирање, вие сте на вистинската адреса

Се ближат празниците кои меѓу другото ги поврзуваме и со карираниот дезен. Шкотската варијанта особено се издвојуваше во минатата и оваа сезона, но можностите се различни и ги надминуваат традиционалните зелени, црвени и сини бои.

Покрај тоа, се нудат и спојници од неколку дизајни, но ефективни опции. За да ви го олесниме изборот, ги подредивме најдобрите кроеви за дами од различни генерации.


1. Кариран дезен во 20-тите


На оваа возраст девојките често се одлучуваат за лежерни комбинации, па затоа фустанот е обично пократок, за да се нагласи линијата. Долго палто или плетено џемперче одговара одлично со тоа, но има и успешни примери за истиот дезен од глава до пети.

2. Кариран дезен во 30-тите

Иако четвртата деценија означува пресвртница во гардеробата која добива класична нота, секогаш има простор за мало експериментирање. Должината може да остане пократка, а најдобро е фустанот да го комплетирате со ролка или џемпер одоздола и беретка.


Доколку не се пронајдете во овој опис, можете да користите подолг модел на здолниште, поширока кошула и чизми до колена.


Третата опција би била карирано на карирано.


3. Кариран дезен во 40-тите

Кејт Мидлтон е на прагот на својата петта деценија, па фотографијата подолу таа демонстрира како се носи карирано здолниште со класика, во форма на џемпери и велур чизми. 

Фото: Профимедиа

Од друга страна, секогаш инспиративната Викторија Бекам еднаш се одлучи за разиграна варијанта - долг кариран фустан и високи кожени чизми.

Фото: pinterest

4. Кариран дезен во 50-тите

Здолништето од овој дизајн можете да го искомбинирате со чизми на потпетици и џемпер со дезен, исто како на фотографијата.


Веќе напоменавме дека не треба да бегате од навидум тешките комбинации на два различни карирани дизајни, а ќе признаете дека госпоѓата во приложената објава изгледа одлично. Таа се одлучи за здолниште и пократка јакна со приближно ист дезен, и високи потпетици.


Фото: Инстаграм/Профимедиа/pinterest

Фото насловна: Инстаграм/Профимедиа/pinterest

Најтоплите бунди во режија на модните икони: И оваа зима ќе ги носиме во разни модели, бои и дезени (ФОТО)