Вака се облекуваат вистински Италијанки: Мајка и ќерка го запалија интернетот со својот неверојатен стил

Добивај вести на Viber

Италија е земја на историјата, неверојатни културни споменици, вкусна храна и секако модата. Италијанките отсекогаш важеле за едни од најдобро облечените жени во светот. А бројни модни куќи од оваа земја станаа синоним за добар стил. А во видеото на кое наидовме ние мајка и ќерка од Италија гордо се шетаат во своите беспрекорни комбинации.

Имено, блогерката Александар Лап од Италија, која ја следат нешто повеќе од милион луѓе, често споделува прекрасни видеа каде таа и нејзината мајка ја покажуваат сета убавина на совршените модни комбинации.


Станува збор за многу слични парчиња облека, но прилагодени на возраста на овие жени. Секое парче е внимателно наместено, боите се живи, примамливи, привлекуваат очи, а сепак толку хармонични што целата облека зрачи со стил и елеганција.


Посебно внимание привлекуваат и фризурите на мајката и ќерката, госпоѓата носи кратка, модерна верзија на боб, која е безвременска фризура, а и нејзината боја на коса е природно сива и одлично се вклопува со елеганцијата на нејзиниот стајлинг.


Ќерката има нешто подолга коса, исто така со природна кафена боја, која најчесто е  стилизирана во согласност со облеката. 

Внимателно ги одбрале и деталите за накитот, чантите и очилата, а најубави се нивната енергија и самодовербата со која зрачат.


Фото и Видео: Инстаграм/ТикТок