Вака-така, поминав 4 банки во ова антитело: Андријана Јаневска слави јубилеен 40-ти роденден

Андријана Јаневска полни 40 години и си слави јубилеен роденден. 

Горда на себе што успеала да одолее на трендот на секакви интервенции за разубавување, Андријана вели дека сака секоја бора да ја потсетува на убавите и тажните спомени, а од сите успеси кои ги постигнала на професионален план, најгорда е на нејзините два сина.

- 40 лета, но духот не старее. Мислам дека тој расте и созрева до одредена возраст, а потоа си е ист. Вака-така, поминав 4 банки во ова антитело.  Горда сум што успеав да одолеам на трендот на секакви интервенции за разубавување. Да се разбереме, немам ништо против. Сите кои ме познаваат знаат дека сум многу либерална и ги прифаќам сите луѓе такви какви што се. Сепак, сакам секоја бора да ме потсетува на дел од мојот живот, на убавите но и тажните спомени, зашто мои си се, тие се врежани во мене, тоа сум јас. И покрај сите снимени песни, настапи, концерти, претстави и положени испити, мој најголем успех се моите два сина кои ја дадоа смислата на сето погоре набројано. Затоа и денешниот јубилеен роденден го поминав во нивно друштво. Ви благодарам на сите за честитките, ве сакам и почитувам. 


Дека навистина не правела интервенции за разубавување, но и дека не ѝ се потребни, доказ се нејзините фотки од младоста, од пред 20-тина години, на кои изгледа како воопшто да не се променила до сега.

Андријана е прва виолиона на МОБ, доцент на ФМУ, докторант на Институт за фолклор „Марко Цепенков“, пејачка, автор на музика. Има свое музичко училиште каде се изучуваат виолина, пијано и пеење популарни жанрови. Но како што самата вели, најголем успех се нејзините деца - мајка е на е на два сина Димитар и Кристијан и сопруга е на познатиот музичар Драган Гиновски - Гино. 

Спомени со легендата: Андријана на фотка со Тоше и Каролина во времето кога другарството беше најважно

(ФОТО) Пред 11 години како невеста: Андријана Јаневска слави годишнина од брак