Спомени со легендата: Андријана на фотка со Тоше и Каролина во времето кога другарството беше најважно

Музиката обединува, создава вечни пријателства и спомени за навек.

Доказ за тоа е другарството кое го имаа Андријана Јаневска, Каролина Гочева и Тоше Проески.

Потсетувајќи се на убавите времиња од младоста и далечната 2000 година, пејачката на социјалните мрежи објави фотографија со која ги разнежи сите.

Според описот, сликата е направена во 2000 година во Сиднеј каде Тоше, Андријана и Каролина одат да гледаат кошаркарски натпревар на Олимпијадата.

„Каролина Гочева, Тоше Пароески и јас, 2000 година во Сиднеј, Австралија. Насмеани и распеани одиме да гледаме кошаркарски натпревар на Олимпијадата. Прекрасни спомени од едно време кога другарството беше најважно, кога зборот суета беше туѓ и кога музиката нè обединуваше. Оваа фотографија е од мојата приватна архива и ја објавувам со дозвола на Каролина и семејството на Тоше“, стои во постот под фотографијата која ја сподели Јаневска на Инстаграм.



Фото: Инстаграм профил-Андријана Јаневска

Може да ве интересира:

Андријана Јаневска: Два часа пред да почине разговаравме на телефон и се смеевме