Погледнете како изгледала Андријана Јаневска пред 20 години: Отанала скоро иста или се променила?

Пејачката Андријана Јаневска се потсети како изглеала пред 20 години. Таа на Фејсбук постираше фотографија од времето кога популарен беше магазинот „Наш свет“ .

-Јас пред точно 20 години на постер во Наш Свет. Оваа фотографија е дело на Владо Георгиев. Спомени од едно прекрасно време.-напиша Јаневска во описот на фотографијата.


Потоа постирајќи ја песната „Носталгија“ пејачката, виолинистка и професор се потсети на Скопскиот фестивал 2001 година каде што победи со токму таа нумера. -Уште еден убав спомен од пред точно 20 години, додаде Андријана.

Што мислите, колку се променила пејачката во последните години? Или, воопшто не се променила?

Андријана е прва виолиона на МОБ, доцент на ФМУ, докторант на Институт за фолклор „Марко Цепенков“, пејачка, автор на музика. Има свое музичко училиште каде се изучуваат виолина, пијано и пеење популарни жанрови. Мајка е на е на два сина Димитар ( 9 ) и Кристијан (6 ) и сопруга на познатиот музичар Драган Гиновски - Гино . 

Андријана Јаневска: Два часа пред да почине разговаравме на телефон и се смеевме