Вакцината која сите сме ја примиле: Штити од коронавирус???

Добивај вести на Viber

Иако можеби ќе бидат потребни месеци, за да се добие вакцина само за коронавирусот, некои студии го истражуваат можниот заштитен ефект на вакцината против туберкулоза.

Дали вакцината против туберкулоза -BCG може да го заштити медицинскиот персонал од COVID-19?

„Со децении знаевме дека вакцината BCG  има неспецифични корисни ефекти“, што значи дека штити од болести, освен туберкулоза за кои е произведена, изјави Ками Лот, шеф на одделот за истражување во Институтот Пастер во Лил, за Франс Прес.

Децата вакцинирани со BCG имаат помала веројатност да страдаат од други респираторни заболувања, а оваа вакцина исто така може да заштити од астма и автоимуни заболувања како што е дијабетес тип 1.

Се сугерираше дека вакцината против туберкулоза може да има сличен ефект врз коронавирусот, или со намалување на ризикот од инфекција или со намалување на сериозноста на симптомите.

Детали на Машки Магазин