Варошлија: Мојот партнер беше избркан од дома кога неговите дознаа за нас

Познатиот стилист и ТВ-водител, Сергеј Варошлија, постојано ја шокираше јавноста со контроверзните коментари и изјави во неговото модно шоу кое се емитуваше на „1ТВ“.

Минатата година токму во неговата матична куќа, Сергеј во емисијата „Лица“ на Анета Кочишки како никогаш досега зборуваше за животните подеми и падови, за зависноста од наркотици, својата сексуална ориентација, за деновите исполнети со неизвесност и страв.

„Бев киднапиран среде бел ден, морав да му се јавам на татко ми кој имаше рак“, „Ќе бидам неискрен ако кажам дека е неточно дека консумирав дрога“ и  „Мојот партнер е избркан од дома кога неговите дознале дека е со мене во врска“ се само дел од изјавите на Варошлија кои тогаш не ја оставија рамнодушна македонската јавност.