Вашиот задник може да изгледа совршено со овој мал трик: Позната стилистка откри неколку финти за позаводлив изглед
Понекогаш не е важно што носите, туку како го носите. Тоа е изрека на еден моден стилист, кој открил некои од големите грешки кои луѓето често ги прават со облеката.
Ши Витни откри пет грешки кои можат да направат да изгледате лошо и едноставно не толку добро како што можете, но за среќа сите тие многу лесно може да се поправат.
Џебови на панталони
Излегува дека положбата на џебовите на панталоните може драстично да го промени изгледот на вашиот задник.
„Навистина треба да обрнете внимание на тоа бидејќи тоа навистина прави голема разлика. Излегува дека џебовите кои се широко разделени ќе направат вашиот задник да изгледа широк и опуштен, додека џебовите кои се поблиску еден до друг ќе ви го врамат задникот“, вели Ши.
Должина на ракавите
Ако вашите ракави се премногу долги или прекратки, постои голема шанса дека вашата облека била лошо комбинирана. Може да изгледа дури и невешто и непрофесионално, затоа секогаш внимавајте долгите ракави да не ви преминуваат под зглобовите, но и да не се премногу кратки.
Оваа стилистка призна дека е лесно да се заборави на ракавите, особено кога остатокот од аутфитот може совршено да се вклопи, но погрешната должина на ракавите може да направи разлика.
Треба да ги знаете вашите пропорции
Ши објасни дека еден трик може да одговара на една личност, но ќе има спротивен ефект на друга. На пример, ако имате кратки нозе, вовлекувањето на маицата ќе ви помогне да ги издолжите. Но, ако нозете ви се веќе долги и имате кратко торзо, овој трик може да направи да изгледате непропорционално.
„Сакам фармерки со висок струк, но можеби не се најдобриот избор за вашиот тип на тело, затоа држете се до вашите пропорции“, советуваше Ши.
Размислете за материјалот
Некои материјали едноставно изгледаат подобро од другите. Дебелите, волнени џемпери, колку и да се топли и удобни, ги прават дебелите луѓе уште поголеми. Исто така, предимензионираните парчиња се одличен избор за високите жени, додека со кратките тела можат да направат да изгледате уште пониски.
Копче на кошулите
„Не дозволувајте вашите копчиња да излегуваат“, вели Ши.
Иако жените со помали гради имаат помали шанси да го имаат овој проблем, сепак тоа може да им се случи на најдобрите од нас. Само погрижете се вашите кошули и блузи да бидат правилно прицврстени за да не испаднат копчињата.
oto: rendagrella, Instagram / screenshot