Василиј е роден мал колку шишенце сок: Малиот, а огромен херој наполни 2 години

Добивај вести на Viber

„Херој!

За некого тоа е лик од филмовите, за дечињата јунаците од цртаните, но за нас, за нас, единствен јунак и херој е нашиот син Василиј. Вака, мајката Симона ја почнува приказната за малиот Василиј, кој наполнил 2 години.

Овој мал, но огромен херој, е роден во 28. недела, мал колку шишенце сок.

Нареден со милиони инфузии, кабли, црева во тој за него огромен инкубатор, едноставно се плашиш да го допреш, мислиш може да се скрши... но неее, па каде се видело јунак да се скрши, се кршат само родителите секој ден, секој час, секоја минута и секоја секунда додека непрекинато се молат нивниот мал борец да успее да ја добие огромната борба наречена живот“ , ја споделува мајката на Василиј, нивната животна борба за Аџибадем Систина.

Најважно од сè е да имаш некој покрај себе, некого на кого можеш да му веруваш и да се потпреш

„Бидејќи бебето е со премногу проблеми и неговата состојба е неизвесна, неразвиени бели дробови, крвавење во мозочето, проблеми со срцето и слично... Тогаш сфаќаш дека освен на фамилијата (својата мајка, сестра и сопругот) можеш да им веруваш и на докторите и сестрите, кои и покрај тоа што не знаат што ќе биде, сепак, те тераат да бидеш позитивен и да немаш негативни мисли. И така неговиот педијатар д-р Радица Муратовска ја гледаш како своја сестра, сакаш да ѝ веруваш максимално, а таа ти дава уште повеќе сила за тоа. Д-р Светлана Крстевска се грижи за срценцето и знаеш дека е во најдобри раце, докторка што, за жал, ќе мора засекогаш да се грижи за неговото срценце, бидејќи тоа остана проблем што не може да се реши ни со операција, но среќни сме што ја имаме баш неа и секако д-р Чадиковски, кој е секогаш подготвен да помогне за сè. Тука се и д-р Наталија Ангелкова и д-р Палчевска, кои уште од најрана возраст се обидуваат да направат сè за бебето да почне да го развива тоа мало мозоче полно со крв. Целиот тим на одделот за неонатална интензивна грижа е максимално посветен, сите доктори и сите сестри се заслужни што денес е со нас нашиот син Василиј. Не заборавив, намерно за крај ја оставив д-р Корнелија Трајкова, знаете Василиј немаше ни да биде со нас да не беше таа, само таа прифати да ја води мојата комплицирана бременост, без да ми предложи абортус, се бореше со нас, се радуваше на секое ехо со нас, се плашеше заедно со мене кога се пораѓав во само 28. недела и се радуваше заедно со нас кога успеавме бидејќи заедно успеавме. Целиот тим на 'Аџибадем Систина' успеа во оваа голема борба. Василиј сè уште се бори, но ние знаеме дека ваков борец не би можел да изгуби ниедна битка и затоа повторно ќе читате за нас кога ќе победиме! Затоа сакам да знаете, Василиј ве сака сите“, искрена е оваа мајка.


ФОТО: Аџибадем систина