ВАЖНО: Како да се заштитите од коронавирус во градски превоз?

Добивај вести на Viber

Вирусот корона се шири ширум светот со огромна брзина, а во некои делови на светот,  скоро и незапирливо.

Според worldometers во светот од корона се заболени 114.626 луѓе, починале 4.030.

Многу луѓе ширум светот се грижат за секојдневното патување со јавниот превоз, каде има голема концентрација на луѓе на мало место. Секој што работи и патува со јавен превоз двапати на ден, во зависнот од тоа каде живее, може да  поминува и по еден час во јавен превоз.

Она што често се заборава е честата вентилација во внатрешноста на автобусите, а што е многу важно да се потенцира во овој момент.

Следни мерки кои мора да се преземат за да се спречи ширење на вирусот во јавниот превоз:

- Веднаш по излгување од автобусот, измијте ги рацете со сапун или средство за дезинфекција

- После пристигнувањето дома или на работа повторно измијте ги рацете

- Кога кашлате или кивате, покријте го носот и устата со марамче или ракав, а не со дланката

- Фрлете го користеното марамче веднаш (ако сте во автобус, ставете го во џеб) и дезинфицирајте ги рацете

- Избегнувајте близок контакт со личност која изгледа дека не се чувствува добро, макар и да излезете од автобусот и да го чекате следниот

- Не допирајте го лицето со рацете

Најдобра претпазливост е редовно да ги миете рацете, што е условено како најсигурно оружје во борбата против вирусот. Причината е што вирусот корона е „обложен“ вирус што значи дека има своја надворешна липидна мембрана или масен слој што само вода и сапун можат да го „убијат“. Ова воглавно е и основна препорака од стана на Министерството за здравство, според чиј  упатства, рацете треба да се мијат после:

- бришење на носот, кашлање или кивање

- употреба на тоалети

- контакт со животни

- ракување со отпад или чистење на простории

- градски превоз

- допирање на предмети што се во контакт со голем број на луѓе