Вел долг шест метри и најубава венчаница: Ова се првите фотографии од свадбата на Џенифер Лопез и Бен Афлек
Овој ден го чекаа 18 години! Неверојатни сцени од свадбата на Џеј Ло и Бен Афлек!
Латино дивата Џенифер Лопез и Бен Афлек се венчаа вчера во замокот на актерот во Џорџија, по втор пат го кажаа судбоносното да, а се' изгледаше како од бајка!. Фотките од спектакуларната церемонија оставаат без зборови!
Двојката за која се пишува со денови, вчера на имотот на Бен Афлек за сите свои блиски приреди гала прослава која вреди околу 9 милиони долари! Овие двајца заљубени гулаби, кои веќе тајно се венчаа на почетокот на летото во Лос Анџелес, ги воодушевија сите присутни.
За оваа церемонија Џенифер избра скапа венчаница на Ралф Лорен, додека младоженецот се одлучи за безвременска класика - смокинг. На овој посебен ден за пејачката и актерот беа присутни и нивните деца од претходните бракови. А посебен момент беше нивниот бакнеж кој никого не остави рамнодушен.
На свадбата се појавија гости од холивудската А-листа: Мет Дејмон со сопругата Лусијана Баросо, режисерот Кевин Смит, актерите Џејсон Муз, Џорџ Клуни, Рене Зелвегер, Џејн Фонда и водителот Џими Кимел.
Сепак, некои важни луѓе од нивната околина не се појавија. Имено, меѓу гостите не била поранешната сопруга на Афлек, Џенифер Гарнер. Со оглед на тоа дека е во добри односи со поранешниот сопруг, некои го чекаа нејзиното доаѓање. Братот на младоженецот, Кејси Афлек, исто така, ја пропушти венчавката.
Се испостави дека големата љубов, која започна пред повеќе од две децении ги надмина сите пречки и разделби.
извор:стил.курир