Велат дека сум најубавата жена, но кога ќе ја извадам шминката - останува ОВА: Разликата е неверојатна, но јас сум горда (ВИДЕО)

Тиктокерката Џеси Волк е позната по своите трансформации кои буквално оставаат без здив, а оваа дама нема проблем да признае дека не изгледа исто и со шминка и без шминка! 

Таа на речиси секое видео отворено покажува како изгледа пред да се трансформира од глава до петици, а има милионски прегледи.

Џеси вешто ги прикрива темните кругови околу очите, акните и другите несовршености на кожата со шминка, а често се шегува на своја сметка и нема проблем да каже дека „кога ќе ја извади шминката изгледа како друга личност“.

Всушност, оваа млада дама е полна со самодоверба, многу е забавна и флертува со своите несовршености, а изгледа свежо, убаво и младо и без шминка.


Нејзините неверојатни промени редовно ја воодушевуваат публиката, а реакциите се секогаш бурни. 

„Ти си вистински уметник“, „Ова е неверојатно“, „Би сакала да се шминкам како тебе“, „Убава си, со и без шминка“, „Ја обожавам твојата самодоверба“, Ти си лага“, „Дали не ти е срам“, Практично ги лажеш сите мажи“, се само дел од коментарите.

извор:zena.blic