ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД ХОРОСКОП: Бикови обрнете внимание на емотивната ситуација
Овен
Енергијата овој Велигденски викенд ви е насочена кон вашето семејство. Љубовта ве поддржува и потрудете се до крајот на праниците да бидете во добра комуникација со партнерот. Здравствената состојба е одлична.
Бик
Почетокот на овој празничен викенд е под влијание на вашата одлука да промените некои работи за вашата емотивна ситуација. Бидете упорни и мудри во она што ќе го смислите овие два дена. Работата е стабилна и нема да имате големи проблеми. Обрнете внимание на можните главоболки.
Близнаци
Вашата сила е во вашата способност за комуникација, затоа потрудете се во текот на овој Велигденски викенд добрата комуникација да ви овозможи да завршите сѐ што ви треба. Празничниот викенд ќе остварите средба со личност која е во странство и не сте ја виделе оддамна.
Рак
Месечината ја активира вашата емотивна страна и ви носи можности да бидете многу ранливи празничниот викенд. Помладиот член на семејството очекува голема поддршка од вас. До крајот на викендот ќе имате можност да донесете важни деловни одлуки. Пазете се од конфликт. Емоционално незадоволство.