Венча стујарди, зборуваше за Меси, се сретна со Кети Пери: Папата Франциск им пркоси на стереотипите

Триесет институции од земјава, но и од Ватикан се вклучени во подготовката на историската посета на Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, во Скопје. Петнаесет илјади граѓани кои ќе успеат да обезбедат бесплатна влезница ќе се соберат на плоштадот „Македонија“ за да ја слушнат мисата. Папата ќе зборува на италијански, а дел од церемонијата ќе биде на македонски и на хрватски јазик.

Најавени се строги безбедносни протоколи, а доколку временските прилики дозволат, папата ќе се движи со папамобил од Спомен куќата на Мајка Тереза до плоштадот и до црквата Свето срце Исусово.

Свечената литургија е врвот на една посета на Папата, кој секогаш носи порака на мир во земјите кои ги посетува. Ние очекуваме голем број на верници од земјата и од странство. Имаме голем број на јавувања и верниците ќе допатуваат во Македонија организирано од сите страни, најмногу со автобуски превоз. Останува да ја разгледаме програмата, која ни ја испраќа Ватикан, а ние треба да помогнеме во реализацијата - изјавија за „Фактор“ од Католичката црква.

Фото: Ројтерс

Она што го прави поразличен од неговите претходници е послободниот дух кој го носи и неговите излагања.

- Фудбалерот на Барселона Лионел Меси е врвен играч, но тој не е Бог. Во теоријата да се каже дека Меси е Бог е светост. Не можете да зборувате такви работи, бидејќи не се вистина. Луѓето можат да разговараат за тоа колку го сакаат Меси, дека тој е бог на фудбалско поле. Тоа се изрази меѓу народот, но само Бог може да се обожува - изјави папата неодамна за шпанската телевизија „Ла Секста“.

Минатата година во јануари направи историска свадбена церемонија венчавајќи стјуардеса и стујард на авионот кој патувал меѓу градовите во Чиле. Пола Подест Руиз (39) и Карлос Чиуфарди Елорига (41), кои претходно се регистрирале во државна служба, побараа од папата да ги благослови, а тој им ја исплни желбата.

Во април минатата година се сретна со пејачката Кети Пери и актерот Орландо Блум, додека познатата двојка присуствуваше на четвртата годишна конференција „Обединети за лек“ во Ватикан.