Венера во Рак! Ни претстои моќен астро период - еве КАКО ќе влијае на хороскопските знаци!

Добивај вести на Viber

По престојот во Близнаци, Венера влегува во знакот Рак на 18 јули и носи романтични и нежни вибрации, фокусирани на заедништвото и семејството.

Од 18 јули, Венера се преселува во Рак, што ќе доведе до големо фокусирање на семејството.

Астрологот Маки детално објасни како овој период ќе влијае на хороскопските знаци:

- Кога наталната Венера е во знакот Рак, личноста силно ќе се стреми кон достигнувања во семејството и стабилноста во домот. Знакот Рак секогаш ја опишува желбата за топол дом, па пред се луѓето со оваа поставка порано ќе влезат во сериозни врски/брак, од желба за припадност. Овде се изразува емоцијата, желбата за љубов, кога се сака, тоа е со посветеност. Венера овде се чувствува многу добро, а бидејќи Венера е и наша сестра во наталите карти, тоа подразбира многу добар однос со сестрата. Поддршка преку семејството.

Во наредниот период ќе бидеме повеќе ориентирани кон љубовта, кон желбата да ни се најде некој, доколку сме сингл, а во браковите и врските проблемите полесно ќе се решаваат. Нема така лесно да влегуваме во авантури, големиот стремеж ќе биде за стабилност. Сега можете прво да влезете во квалитетни врски, бидејќи со оваа Венера на небото нема да сакаме авантури, туку сигурност. Сигурни се и љубовите на патувања, со непознати.

Вие со натална Венера во Рак, уживајте, ова е вашето време да блеснете! Како и сите со знакот и подзнакот Рак. Среќно – вели астрологот.

Венера ќе се пресели од Рак во Лав на 11 август.


Фото: unsplash

Извор: информер

Неделен хороскоп 18-24 јули: Прекрасни вести за овие знаци носи втората половина на месецов