Верни читатели: Потребни ни сте токму ВИЕ!

Женски магазин постои за ВАС. За нашите верни читатели.

Во нашето тригодишно постоење, сме се труделе, и продолжуваме да се трудиме да ве информираме, да ве инспирираме и мотивираме, да ви раскажеме по некоја приказна со среќен крај, за жал и такви со тажен.
Но постојат мал милион приказни кои никогаш не биле раскажани, мал милион приказни кои никогаш не биле слушнати, а тие приказни сте ВИЕ.

Затоа ве охрабруваме да ги раскажете вашите приказни за Женски магазин.
Приказни со кои ќе не' насмеете, расплачете, приказни со кои ќе не мотивирате, можеби се соочувате со некој проблем или сакате вашиот глас да допре до некого, некој да ве чуе.

Бараме приказни кои биле премолчени, приказни кои никогаш не биле слушнати.

За да бидете дел од серијалот „Премолчани приказни“ и за вашата приказна да биде слушната, испратете ни ја на официјалниот е-маил на Женски магазин contact@zenskimagazin.mk

-Ваш, Женски магазин


*Во зависност од вашите преференции, приказната може да биде објавена и анонимно!