Версаче нема да најде подобар модел од неа, а сите велат: „Пике, гледај и плачи“ - 3 фустани со кои Шакира ја здрма планетата
Познатата пејачка беше врв на доделувањето на MTV VMA наградите, каде што смени неколку аутфити и секој од нив го одзема здивот на нејзините колеги.
Колумбиската музичка сензација Шакира (46) беше хедлајнерот на церемонијата на доделувањето на MTV VMA наградите.
Некрунисаната кралица на модерната латино музика приреди перформанс за паметење и нешто повеќе од 10 минути ги пееше своите најголеми хитови, завршувајќи експлозивно со нејзиниот одмазднички хит Bzrp Music Sessions, Vol. 53, кој цела сала ја пееше во дует со неа.
Потоа познатата пејачка беше наградена за најдобра музичка соработка на годината, со нејзината колешка Керол Џи, со која го сними хитот „TQG“.Што се однесува до модниот дел од вечерта, Шакира уште еднаш покажа дека е моделот за кој сонуваат сите дизајнери, а италијанската модна куќа Версаче ја имаше честа да ја облече една од најголемите ѕвезди на денешницата.
Кога првпат пристигна на црвениот тепих (иако овој пат розов), Шакира позираше во златна тоалета од познатиот бренд, елегантен дизајн кој го открива грбот, кој е врзан со тенки панделки. Предниот дел стратешки ги покрива градите и стомакот, а необичниот макси фустан има и многу длабок и храбар шлиц.
Таа, исто така, носеше сандали со металик платформа од Џими Чу, а сѐ изгледаше прекрасно во комбинација со нејзината руса коса.
Шакира потоа настапи во гол мини фустан, класичен сценски костим во нејзин стил, а за да може слободно да танцува, без страв дека ќе покаже премногу, носеше и чорапи во истата нијанса.
По настапот кој сигурно ќе остане запаметен како еден од најдобрите во историјата на MTV VMA, пејачката се пресоблече во светло сина тоалета од Версаче.
Станува збор за парче со цитристи игли, препознатлив детаљ на креациите на овој бренд, кој има асиметрична јака, прорези и шлицови и зрачи со сексуалноста која стана дел од имиџот на Шакира.
Како и обично по нејзината разделба со шпанскиот фудбалер Жерар Пике, многумина побрзаа да коментираат дека не му е лесно да ја гледа својата поранешна како изгледа воодушевувачки и како го освојува светот.
„Пике, гледај и плачи“, „Ако е изневерена, сите ќе бидеме“, „Посакувам да бев мува во куќата на Пике и Клара“, „Шакира нема да престане да го клоца тој човек во меѓуножјето, кутриот Пике , но тоа е и заслужено“... се дел од коментарите.
ФОТО: ЕПА/Инстаграм