,

Весна Кираџиева: „Книгите можат да ни помогнат да ги избегнеме грешките“

Добивај вести на Viber

Како се станува најтрофејна атлетичарка, национална рекордерка во маратон, но и креативна блогерка, дизајнерка и автор на книга? Колкава улога во тоа, во личното и професионално формирање, имаат образованието и читањето? За тоа зборува атлетичарката од светски ранг, Весна Кираџиева. Познатата шампионка во маратон, но и писателка, блогерка и дизајнерка, вели дека книгите и образованието имале важна улога во нејзиното созревање и во животот, но дека дигиталната технологија дефинитивно и го сменила начинот на читање:

Иако за атлетиката е важен тренингот, продготовката и менталната изджливост, за она што сум денеска исто така се многу заслужни книгите и образованието. Денеска често читам електронски, но не само на телефон. На сите нас, а особено на младите, дигиталните технологии им се многу важни и од голема корист за нивната иднина и развој на таленти“.

Начинот на кој се читаат книгите се промени во насока на дигитализацијата, и во рска со тоа Весна изразува задоволство што многумина го препознаваат овој, според неа, позитивен тренд, поради што и се одлучи да ја поддржи кампањата на брендот NESCAFÉ 3in1, Старт Смарт, во рамки на која компанијата Nestlé одвојува средства од продажбата на секојNESCAFÉ 3in1 и NESCAFÉ 2in1 производ за донација за креирање на мултимедијален центар за младите.

„Мислам дека дигитализацијата ќе направи литературата да бие подостапна и ќе ја олесни нејзината употреба. Дигиталните книги се многу поевтини, бидејќи ги исклучуваат трошоците на печатење, материјали, хартија итн. На крајот, сето ова ќе придонесе за зачувување на животната средина и намалување на загадувањето, а користа ќе биде видлива и долгорочно ќе се почувствува. Сметам дека NESCAFÉ 3in1 Старт Смарт иницијативата, која на младите ќе им помогне во рамки на библиотеката Свети Климент Охридски“ да добијат модерно опремен простор за учење, дружење и професионално напредување, е многу благородна и во чекор со времето, затоа во потполност ја поддржувам“.

Дури 94 отсто милениумци се активни на социјалните мрежи или користат апликации за комуникација, покажува минатогодишното истражување на компанијата Nestlé, но Весна смета дека книгите се многу важни во процесот на растење и формирање на личноста, дури и сега, кога се повеќе време се поминува на интернет. Како што вели, тие можат да ни помогнат да ги согледаме туѓите грешки, и низ учење да го избегнеме правењето на сопствените грешки:

На пример, алхемичарот на Коељо, ме научи да го следам внатрешниот глас, и дека ќе бидам среќна само доколку го следам својот сон. Хари Потер е прекрасна книга, која дури и возрасните ги тера да размислат дали во животот сакаат да бидат херои или негативци“.

Весна сака да зборува за важноста на образованието, како формалното, така и она кое го има стекнато надвор од официјалните институции. Како личност која завршила Полициска академија, но никогаш се нема занимавано со работа по струката, сепак истакнува како во текот нашколувањето научила многу и како ова искуство претставува голем дел од нејзината личност. На младите кои после завршениот факултет често се соочуваат со бројни дилеми и предизвици во врска со продолжувањето на кариерата, нашата најпозната атлетичарка им советува да го следат она што го сакаат и за што се најмногу талентирани:

Важно е да не се разочарате во обидите да најдете работа, туку да го следите своето срце, дури и ако на почетокот не изгледа онака како што сте замислиле. Вашето време допрва доаѓа – можеби ќе треба повеќе време и повеќе трпеливост, но целта ретко се постигнува преку ноќ. Верувајте во она што го работите, бидете вредни и дајте си себе си време, а успехот нема да изостане“.