Ѕвездите се на нивна страна: Три хороскопски знаци ќе бидат најсреќни во мај
Јупитер, планетата на среќата и просперитетот, на 10 мај влегува во Овен, што носи голема промена за сите хороскопски знаци, но на некои ќе им донесе неверојатна радост
Поради влегувањето на Јупитер во Овен, во кој веќе се наоѓа Венера, огнените знаци најмногу ќе го почувствуваат ова позитивно влијание од вселената, па затоа треба да се подготват за промени.
ОВЕН – Пред вас е периодот кој го чекате 12 години, поради што многу астролози самоуверено тврдат дека ќе бидете најсреќната личност во 2022 година. Тоа не е далеку од вистината, освен што го делите тоа место со припадниците на Риби. Ова е период на личен успех, среќа и љубов. Ќе имате толку многу настани што нема да знаете што да направите прво. Јупитер ви носи неверојатна харизма и привлечност, па ќе ги заблескате луѓето со позитивна енергија каде и да се појавите. Ова е лична трансформација во позитивна смисла.