(ВИДЕО) Андре Риу ја свири „Македонско девојче“

Добивај вести на Viber

Современиот крал на валцерот, како што го нарекуваат холандскиот виолинист со светска слава Андре Риу, на 6 јуни за прв пат ќе одржи концерт во Скопје, во ВИП Арената „Борис Трајковски“.  

Познатиот музичар ќе настапи со својот оркестар Јохан Штраус, кој со своите 60 музичари е најголемиот приватен оркестар на светот.

Како поздрав на македонската публика, Риу објави видео на која со оркестарот ја свири познатата песна „Македонско девојче“, која ја напиша легендата на народната песна Јонче Христовски. Концертот го организира „Пасворд“ продукција а билетите се продаваат преку Мк Тикетс.