(ВИДЕО) Дебата полна со предрасуди на жителите од Тимјаник со министерката Мила Царовска
Денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска придружувана од претставници на УНДП, УНИЦЕФ и ЕУ ,беше во селото Тимјаник, во близина на Неготино, каде се случи протест зошто се гради центар за 3-4 деца со посебни потреби кои се префрлуваат од Заводот во Демир Капија во Тимјаник. Тие рекоа дека тоа не им е објаснето, односно дека никој не ги известил. Се слушнаа многу закани и извици, а селаните се бунеа дека тој објект бил наменет за градинка, која им е многу потребна.
Во видеото слушаме дека има и исклучително навредливи обраќања изјави како: „И нашите деца покрај нив ќе станат нездрави“, „Ако фрлаат со камеа по напите деца ќе мора да ги тепам ли, а не смеам?“, рече една од жителките на Тимјаник.
-Нашите деца играат тука на средсело сами, слободни, а сега им ја одземете слободата, ќе мора да бидат со придружник. Што ќе се случи ако некое дете фрли камен по нив или ги нападне, рече една од присутните.
Министерката им објасни дека условите таму се лоши . Таа им посочи дека ова ќе биде дом каде ќе се ресоцијализираат, ќе одат во црква и им вети дека ќе добијат градинка за нивните деца во соработка со МОН.
Жителите исто така и рекоа на Царовска дека се револтирани, зошто на социјалните мрежи ги направиле „фашисти“ и дека „живеат во гето“. Рекоа дека немаат ништо против такви деца, но од друга страна цело време на протестот истакнуваа дека не сакаат нивните деца да бидат во нивна близина.
Изјавија дека нема шанси да го дадат тоа место за центар, па макар и да ги убијат.