(ВИДЕО) ДИСТАНЦА НЕМА: Младите на Градиште заборавија на мерките за заштита од коронавирусот
Видео кое е објавено на социјалните мрежи со коментар Охрид „македонски Вухан“ покажува дека на плажа во главниот туристички центар во Македонија, луѓето се забавуваат, но дистанца не се одржува.
Видеото е снимено на плажата Градиште.
Низа забелешки имаше за продолжениот викенд за неносење маски, и не одржување на дистанца во Охрид.
На Твитер имаше коментари во кои се вели дека „по две недели ќе се види кој како си поминал во Охрид“, мислејќи на коронавирусот.
Министерот за здравство, Венко Филипче опомена дека вирусот не е на одмор, и дека граѓаните мора да бидат внимателни.
Во Македонија само во Пехчево и Валандово нема активни случаи.Реагираше и Пазарниот инспекторат одделение Охрид и подесени се две кривични пријави за забавите организирани на Градиште, на плажите 2 и 3, пренесува „Слободен печат“.
Во Охрид само петмина пазарни инспектори работат да ги казнат оние што не ги почитуваат протоколите, а на помош викендов им дошле и колегите од Скопје и од Гостивар.
Видео од забава каде младите не ги почитуваат мерките: