(Видео) Камилоски со новата песна и спот “Дали можам” повторно докажа дека навистина може!
Ако во само еден збор треба да го опишеме новиот сингл на Павле Камилоски кој го промовираше на музичкиот фестивал Макфест, тој збор ќе биде- безвременски.
“Дали можам” е едно од оние дела кои се моќни, впечатливи и трајни. А, токму силниот глас на Павле ја истакнува силата во неговата нова композиција под авторство на Дамјан Лазаров.
Лазаров го пишува и извонредниот текст во стил кој е препознатлив печат на пејачот Камилоски.
Видео спотот кој Павле во неделата го бјави на неговиот Youtube канал плени со шармот на љубовта. А, довербата за режија на овој краток филмски запис секако дека повторно му ја пружи на Александар Ристовски- Принц.“Принц е буквално мојот принц на бел коњ кога станува збор за режија на моите спотови. Понекогаш мислам дека може да ми влезе во главава и мојата имагинација да ја преточи во филмско дело кое ја отсликува мојата емоција додека пеам.” – вели Камилоски.
Спотот во кој ќе ги видиме убавиците Моника Црнокрак и Нина Ред претставува визуелна симфонија која совршено се спојува со мелодијата на песната.
Со “Дали можам”, Камилоски продолжува да ја развива својата уникатна музичка кариера, по успехот на претходните хитови како “Mia Bella” и “Да си моја”, кои ја освоија публиката со својката искреност и емоција.