Моден фокус // Трендови
(ВИДЕО) Лепа Брена вчеравечер растури во Вевчани: Зебра панталони и неонска светкава блуза за тренди изглед
Фото: @makeup_inaa
Една од најголемите балкански ѕвезди Лепа Брена вчеравечер одржа спектакуларен настап во преубавото Вевчани.
Пејачката ја крена публиката на нозе со своите хитови, а покрај од нејзиниот глас, публиката беше воодушевена и од изгледот на фолк дивата.
За оваа пригода, Брена избра тренди тесни панталони со широки ногавици во зебра дезен кои ги искомбинира со светкава блуза во неонско портокалова боја. Изгледот беше надополнет со црни мрежести ракавици и голем ѓердан.
И шминката и фризурата беа за чиста десетка.