(ВИДЕО) Најубавото дете на планетата: Девојче од Нигерија го запрепасти светот!

Моф Бамујива објави фотографија од 5-годишно девојче по име Јер од Нигерија, и според реакциите на јавноста, тоа стана вирален хит и ја доби титулата најубаво девојче во светот.

Неверојатнатата убавина на малата Африканка го воодушеви светот, а нејзината многу бујна коса е детал кој сите веднаш го забележаа и затоа им стана толку симпатична.

Нејзините прекрасни големи очи кои ве гледаат од фотографијата „ќе ве купат“ на прв поглед, а за целосниот совршен изглед допринесува и неверојатно чистата кожа.

Опишувајќи ја Јер, свесен за нејзината зачудувачка убавина, Моф под фотографијата напиша:

„О да таа е човечко суштество! А исто така и ангел! Можев да ја фотографирам додека се смее, но избрав да ја видите во нејзиното потполно природно издание„.

Јер има и две постари сестри, Јоми(7) и Јоби(10), кои исто така не заостануваат по убавината на најмладиот член на нивната фамилија.