Видео од Дејвид Бекам како се шминка ги запали социјалните мрежи: „Ова е мојата тајна за беспрекорен изглед, кога ќе ме види жена ми...“

Добивај вести на Viber

Познатиот фудбалер Дејвид Бекам ја искористи можноста да се појави на „Тик Ток“ профилот на својата сопруга Викторија и да се пошегува на сметка на нејзината линија за нега на кожа и бренд за шминка. Како што вели во сатирично видео: „Ако ја прашате Викторија, ова е најдоброто осветлување за да снимате вакви работи“.

Дејвид Бекам на „Тик Ток“ профилот на Викторија Бекам покажа како изгледа неговата „рутина за убавина“, т.е. како ги „покрива“ темните кругови и одржува „блескав изглед“. Поранешниот фудбалер добро се пошегува за големиот број клипови кои кружат на социјалните мрежи, но и за неговата сопруга.

@victoriabeckham Mr Beckham’s very own #VictoriaBeckhamBeauty original sound - Victoria Beckham

„Значи, ставив дел од ова, но мојата сопруга ми кажа дека ова е најдоброто место во куќата и најубавата светлина за снимање на вакво нешто. Се согласувам, но немам поим што правам сега. Ми се допаѓа да ја хидрирам мојата кожа и да се грижам за неа. Се разбира, најдобриот начин да се грижите за вашата кожа е да користите производи од Викторија Бекам. „Блендајте“ го лицето како Бекамови“, рече Дејвид.

Имено, Викторија Бекам веќе некое време ја промовира својата нова козметичка линија. Пред лансирањето на брендот, таа изјави дека на 49 години конечно го прифаќа својот изглед, но дека никогаш не се појавила пред својот сопруг без да ги среди веѓите.

„Немам проблем со стареењето. Јас сум тоа што сум. Ќе дадам сè што можам со тоа што го имам. Се чувствувам лично и професионално многу остварено. Не би сакала повторно да имам 25 години. Бев девојка која постојано се гледаше во огледало и размислуваше што не е во ред со мене. Вистината е дека сè беше во ред. Потребно е долго време за да сфатиш дека тоа што го имаш е всушност одлично. Со годините доаѓа и самодовербата“, рече Викторија.

Извор: zena.blic.rs