(ВИДЕО) Рајот на семејството Ѓоковиќ: Изобилува со луксуз

Има над 1.000 квадратни метри ...

Српскиот ас Новак Ѓоковиќ се почасти со нова недвижност за која, како што пишуваат медиумите, дал дури десет милиони евра.

Италијанските медиуми објавија снимки од таа вила, која се протега на дури 1.000 квадратни метри, а како што налага цената - секој детаљ во неа е луксузен. Прекрасната куќа се наоѓа на имот во познатата Коста дел Сол. Имотот се простира на околу 3.500 квадратни метри. Вилата на Новак има сè: базен, огромна теретана, тениско игралиште, девет спални соби, осум бањи, игротека, импресивна дневна соба, прекрасна градина со поглед на море ...

Погледнете го рајот на семејството Ѓоковиќ на видеото:


Патем, Новак ќе има многу познати луѓе во соседството во Марбела, како Кристијано Роналдо, Владимир Путин, кралот на Саудиска Арабија, Салман бин Абдулазиз Ал Сауд, но и актери како Антонио Бандерас, Џорџ Клуни, Роберт де Ниро, Хју Грант. Тука е и убавицата Ева Лонгорија, но и Фабио Капело, легендарниот фудбалски тренер, како и најпопуларниот УФЦ борец Конор МекГрагор. Шпанија не е необичен избор за нова база за српскиот ас.

Ноле поголемиот дел од годината го поминува во Марбела, каде тренира на академијата Пепе Имаз.

Целиот карантин го помина на почетокот на годината токму таму, па реши да ја купи таа куќа, која практично ќе стане негова резиденција, пишуваат шпанските медиуми.


Фото: MN Press - Youtube printscreen/Top-News

Видео: Youtube

Можеби ќе ве интересира:

(ВИДЕО) Срце колку планина: Новак Ѓоковиќ му испрати видео поздрав на момче со аутизам од Штип