(ВИДЕО) Срце колку планина: Новак Ѓоковиќ му испрати видео поздрав на момче со аутизам од Штип
Светскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ, уште еднаш докажа дека не само што е најдобар во белиот спорт, туку е и човек со големо срце.
Ѓоковиќ вчера изненади свој голем обожавател од Македонија.
Тој со видео порака го поздрави Петар Мијалков, момче со аутизам, од Штип.
Видеото го сподели Зоран Мијалков на Твитер, инаку татко на Петар.
„Чао Петре, Пецо. Како си? Ти испраќам еден голем поздрав, еден голем бакнеж и прегратка од Белград. Се надевам дека наскоро ќе се видиме во живо и ќе се запознаеме. Те сакам многу и те гушкам. Чувај се“ – вели Ѓоковиќ.
Новак Ѓоковиќ снимил видео порака за Петар, и со душа чекам Петар да ја види - напиша пред да го сподели видеото Зоран, татко му на Петар и му се заблагодари на Ноле за среќата и насмевката што ја измами кај Петар, потенцирајќи дека за среќа треба малку.