(ВИДЕО РЕЦЕПТ) Рапсодија од вкусови: Освежителна салата „Седмо небо“
Се состои од многу зеленчук, а една состојка ѝ
дава прекрасен, освежителен вкус.
Оваа салата со тестенини се прави многу брзо и лесно, а е одлична како прилог на главното јадење, и како оброк од салата.
Потребни состојки:
- 400 гр. тестенини
- 1 главица црвен кромид
- 1-2 чешниња лук
- 1 морков
- 3-4 кисели краставички
- Една шолја за кафе слатка пченка
- 1 чаша јогурт (180 гр.)
- сол
- 150-200 гр.фета сирење
- 2 варени јајца
- магдонос
Начин на подготовка:
Во тенџере на оган ставете вода да зоврие, додека се загрева водата насечкајте еден морков, може да го сечете на кругчиња или на коцки (по ваш избор). Откако ќе загрее водата ставете ги тестенините да се сварат, а по две минути ставете го и насечканиот морков да омекне. Додека се варат макароните, насечете го кромидот и останатите зеленчуци, кисели краставички,...
Слатката пченка може да биде од конзерва, но може и да биде замрзната, доколку користите замрзната, во ѓезве на оган ставете вода и во неа ставете ја пченката малку да се свари.
Откако ќе се сварат макароните процедете ги и ставете ги во поголем сад за салата, па додадете ги насечканиот кромид и киселите краставички, промешајте. Додајте ја и слатката пченка и чаша јогур и повторно промешајте. Потоа изрендајте околу 150-200 грама фета сирење, чешнињата лук изгмечете ги со алатка, а доколку немате може да го насечкате ситно на коцки. Посолете и промешајте ја убаво целата смеса.
На крајот додајте ги сварените јајца, може да ги насечете на кругови, или на ситни коцки (по ваш избор).
Сервирајте и уживајте во вкусот на салатата „Седмо небо“.
Бон апетит!
Фото и Видео: Youtube/screenshoot
Можеби ќе ве интересира:
Плетенка полнета со крем: Пециво кое се подготвува лесно и едноставно