(ВИДЕО) Сара Мејс го извади копитото на Принц

Александар Ристовски – Принц и Сара Мејс го извадија “Копито“. Спотот и песната се во стил кој соодветствува на проектот на Принц “Femme Fatale“.  

Спотот на “Копито“ беше снимен на интересна локација, во Аква парк „Борис Трајковски“ во Скопје, и тоа во самиоте тобогани, а за неговите потреби се појавуваат околу 20 статист.  

Интерпретацијата на видеото и песната е на самиот гледач и слушач. Има многу простор за коментари, но таа е и поентата на самото издание на Сара и Принц. Песната “Копито“ е комплетно авторско дело на Принц, а вокалот на Сара Мејс. Александар Ристовски – Принц е на гитара, Џоле Максимовски на бас и Дино Милосављевиќ на тапани. Аудио и видео продукција на AleXanDeR.

Погледнето го видеото: