(ВИДЕО) СИТЕ ЈА ЗНАЕТЕ ПЕСНАТА: Шпански научници тврдат дека таа спасува животи

Добивај вести на Viber

Песната „Макарена“ може да спасува човечки животи, тврдат шпанските научници кои советуваат луѓето да се држат до ритамот на стариот летен хит кога практикуваат масажа на срцето. Песната од групата „Лос дел Рио“ од 1993 година обезбедува добро темпо за ваквиот итен зафат, односно за 100 до 120 компресии во минута. 

Истражувачки тим од Универзитетската болница во Барселона опфатил 164 студенти по медицина за целите на експериментот.

Студентите биле поделени во три групи, а секоја од нив добила задача да врши срцева масажа на кукли во тек од десет минути. Резултатите биле најдобри во групата што користела метроном од апликација за мобилни телефони, поставена на 103 отчукувања во минута. Во таа група 91 отсто од учесниците го одржале вистинскиот ритам.

Учесниците што ментално го следеле ритамот на „Макарена“ го држеле правилно темпото со стапка од 74 проценти. На крајот се покажало дека само 24 проценти од учесниците, кои масажата ја правеле без инструкции, следече добар ритам.