„Видов жена како се удира со шамари по лицето и сега тоа јас го правам секој ден“: Бесплатен бјути трик што подобро го затегнува лицето од ботокс
Една девојка на социјалните
мрежи сподели видео на кое прилично силно удира со прстите по лицето, каде вели
дека овој трик за убавина го научила од Корејки.
- Бев на лет за Северна Кореја и секоја Корејка во авионот силно си го удараше со прстите лицето. Слетавме и истото го видов во тоалетот на аеродромот. Сите имаа совршена кожа, па сега тоа го правам по секоја рутина за убавина, напиша таа во видеото.
Да, ова можеби веќе ви звучи лудо! Но, тоа е многу популарна техника во Кореја.
Жените во Кореја си го удираат лицето најмалку 50 пати откако ќе ја завршат секојдневната рутина за нега на кожата за да ја стимулираат циркулацијата на крвта.
Овој трик ги затегнува и кожата и мускулите на лицето. Можеби звучи лудо, но кога станува збор за шлаканица, колку повеќе, толку подобро и посилно, толку поефикасно.
Фото: ТикТок
Видео: Инстаграм