ВИКЕНД ХОРОКОП: За некои знаци слатки, за други тешки љубовни маки

Рак
Грижата околу еден член од семејството ве оптоварува и
викендов ќе имате потреба да му се посветите и да му покажете дека многу
ви значи. Оставете ги емоциите на страна и обидете се да се опуштите.
Бидете внимателни и не покажувајте нервоза.
Лав
Ги имате сите
причини да бидете задоволни со себе, но како нешто да ве тера назад.
Имате потреба да се враќате назад и да се преиспитувате. Опуштеноста и
самоувереноста која вообичаено ве краси е намалена и пријателите не
можат да ве препознаат. Дел од тоа што ве измачува се и некои нерешени
семејни проблеми.
Девица
Ги користите сите начини да им се приближите на
пријателите и да го обновите контактот што во изминатиот период го
имавте прекинато. Вашето повлекување предизвика револт кај пријателите и
сега имате желба на некој начин да го поправите односот. Грижата која
ќе ја покажете ќе биде навистина искрена и повторно ќе се вратите во
кругот на оние кои ви значат.