ВИКЕНД ХОРОСКОП: Бурни денови за неколку хороскопски знаци
Овен
Вашиот партнер се чувствува запоставено. Предложете му заедничко илзегување и разговор. Ќе ви годи да ја разгорите страста.
Бик
Повикајте личност која веќе некое време ви го привлекува вниманието. Немојте да чекате посебна можност или повод.
Близнаци
Ќе добиете можност да исправите грешка од минатата недела. Немојте да се каете сега кога давате се од себе.
Рак
Делувате отсутно и незаинтересирано, партнерот ви замерува на тоа. Покажете малку иницијатива и оптимизам, инаку многу непредвидливи нешта би можеле да се случат.
Лав
Задоволни сте и делувате неодоливо на своето окружување. Затоа нека не ве чуди што имате голем број на партнери, но морате конечно да донесете одлука чија понуда ќе ја прифатите.
Девица
Ова е вистински момент да пронајдете личност која ви се допаѓа. Нема да оддолее на вашиот шарм и духовитост.
Вага
Не сте во најдобро расположение и обврските ќе ги одложите за некој друг ден. Пробајте да се сконцентрирате и внимавајте да не направите грешка, инаку почетокот на работната недела ќе ви биде полна со проблеми.
Шкорпија
Страсната врска во која се наоѓате запаѓа во сериозна криза. Немојте на партнерот да му ја префрлате одговорноста.
Стрелец
Се чувствувате добро и задоволни сте со постоечката врска. Поддршката на партнерот би требало малку повеќе да ја цените.
Јарец
Донесовте погрешна одлука и сега се каете. Повикајте ја саканата личност и пробајте да ја исправите грешката, додека не е предоцна.
Водолија
Подарете внимание на личност родена во знакот на Лав и покажете и конечно што чувствувате. Нема што да чекате.
Риби
Искрено изразете ги своите чувства пред саканата личност... Потрудете се да ги прилагодите заедничките желби и потреби. Оние кои не се во врска, можно е овој викенд да очекуваат разочарување од личноста која им се допаѓа.