ВИКЕНД ХОРОСКОП: Бурни два дена за неколку знаци
Лав
Сакате да воведете промени, а сега е вистинското време за тоа. Слободно бидете упорни во спроведувањето на тие планови. Вашата љубезност и толеранција сега ќе се покаже во полно светло. Вие знаете како на некој на убав начин, со вистински факти да му го наметнете своето мислење.
Девица
Ве мачи неразрешена ситуација од порано. Вие сакате сите конци да ги држите во раце. Имате можност да ја разјасните ситуацијата. Бидете директни и конкретни, слободно зборувајте без влакна на јазикот, баш така како што мислите. Можно е реакциајта на околината да биде бурна. Почекајте, дајте малку време, конечниот резултат ќе биде во ваша корист.
Вага
Сите ваши амбиции и планови може да се остварат ако имате доверба и верба во себе. Плените со шармот, вие сте голем дипломат. Сето тоа единствено може да биде упропастено од ваша избрзана реакција, што не е својствена за вас. Ни случајно немојте да се согласувате на компромис, кој се коси со вашите принципи и ставови.
Шкорпија
Имате брзи и непромислени потези и изјави. Имате енергија која не знаете правилно да ја насочите. Поради таквата моментална состојба иритирате некој од вашата блиска околина. Во следниот период обидете се да не ги наметнувате своите потреби и ставови, сега не е време за тоа.