Викенд хороскоп: Дали ќе имате конечно среќа после толку проблеми?
ОВЕН
Комуникацијата со пријателите ви е прилично напната. Повеќе не сте сигурни на кој може да му верувате. Не ви е лесно да бидете отворени со саканата личност, бидејќи се плашите дека таа нема да ве прифати такви какви што сте. Викендов не е создаден за расправии. Немојте ни да се обидувате да бидете негативни. Лошо ќе ви се одрази.
БИК
Ве очекува поволен викенд. Ќе успеете да решите некои дилеми кои ве мачат во полето на финансиите. Отворено ги покажувате чувствата и подготвеноста за сериозна врска. Саканата личност секогаш знае на што е со вас. За оние во брак кавги, за оние кои не се во врска непотребни невози.
БЛИЗНАЦИ
Стресните околности би можеле лесно да ве наведат да донесете погрешни одлуки. На прво место ви е искреноста и сакате да поразговарате со партнерот за се што ве мачи. Ве очекува викенд со едно големо изненадување. Нема да моете да си поверувате.
РАК
Водете сметка за тоа да не оставате незавршени работи, бидејќи би можело да дојде до компликации. Можно е моментално да чувствувате подготвеност само за авантура или некоја врска без обврски. Сите припадници на овој знак викендов ги чека некаква финансиска добивка.
ЛАВ
Може да очекувате дека во наредниот период ќе имате многу важни разговори и преговори. Може да очекувате интересна љубовна средба која ќе ви остави посебен впечаток. Викендов е создаден за разговори од суштинско значење. Ќе дознаете нешто поврзано за вашето минато.
ДЕВИЦА
Ве очекува поволен период за напредување. Дајте го својот максимум за да ги остварите зацртаните цели. Пред вас е одличен викенд за ново познанство. Доколку веќе сте во врска, партнерот искрено ве сака и ви го покажува тоа. Очекувајте чудна порака која ќе ви го промени размислувањето за одрдени личности.
ВАГА
Може да очекувате разрешување на важни дилеми. Ве очекува интересно познанство на љубовен план. Можно е да сте подготвени за нови игри и флерт. За оние во брак и оние кои не се во врска парична добивка.
ШКОРПИЈА
Ви се отвораат нови врати кога е во прашање вашиот личен успех. Личноста која ви се додворува е подготвена да ви покаже дека со вас има сериозни намери. Подготвени сте за долга врска. Оние во семејни односи и оние кои не се во врска ги очекува чуден пресврт на настаните.
СТРЕЛЕЦ
Се потпирате на своите пријатели. Може да очекувате дека ќе успеете да остварите добра ситуација. Саканата личност покажува дека има искрени чувства кон вас во овој период. Може да очекувате поволна состојба.
ЈАРЕЦ
Имате некои важни договори со вашите пријатели, за кои треба да се потрудите да ги реализирате. Може да очекувате добар однос со партнерот. Пред вас е фаза во која ќе ги зацврстите темелите на вашата врска. Оние кои се во брак ги очекува интересна понуда, а оние кои не се во врска понуда од личност која подолго време ја симпатизираат.
ВОДОЛИЈА
Нема да имате премногу обврски и ќе бидете подготвени повеќе да се посветите на себе. Ве очекува поволен викенд за љубов. Доколку отворено покажете што чувствувате, се ќе ви биде возвратено. Очекувајте и парична добивка.
РИБИ
Нови настани ве очекуваат. Можно е да имате можност да ги реализирате своите идеи. Односот со саканата личност напредува. Чувствувате дека сте подготвени за посериозна врска и поважни случувања. Оние кои се во брак и оние кои не се во врска ги очекува интересен предлог.