Викенд хороскоп: Еден знак ќе изгуби вера во љубовта, а на друг некој ќе му признае љубов
Овен
Во текот на викендот ќе ви се пружи единствена можност да решите проблем кој ве оптеретува вас и вашиот партнер веќе долго врмее. Немојте да ја пропуштите таа можност, туку инсистирајте на решавање на проблемот. Потоа, сѐ ќе биде полесно.
Бик
Задоволството за среќниот период кој трае уште е големо за вас и вашиот партнер. Се трудите да остане така што е можно подолго. Викендот ќе ви донесе уште убави работи и случувања кои ќе ви останат во убаво сеќавање. Немојте да заборавите дека за ваквата идилична состојба помеѓу вас и партнерот постои само еден виновник, а тој е љубовта која ве поврзува.
Близнаци
На вас ѕвездите ви нудат можност за среќен викенд со вашиот партнер, но дали ќе го искористите тоа, зависи од вас. Не дозволувајте препирките од последните денови да влијаат и на викендот, свртете ги работите во своја корист и изненадете го партнерот. Така сите препирки кои сте ги имале ќе паднат во заборав.
Рак
Прекрасен викенд е пред вас, викенд полн со дружење со пријателите во фина атмосфера. Тоа ќе му помогне на вашиот партнер и на вас да се вратите во минатото и да ги побарате прекрасните моменти во кои навистина сте уживале. Повторно ќе се зближите, како на почетокот на врската и ќе сфатите дека не можете еден без друг.