ВИКЕНД ХОРОСКОП: Денес овие хороскопски знаци ќе се радуваат!

Добивај вести на Viber

ОВЕН

Ако веќе имате започнато некои работи околу домот, викендов ќе бидете преокупирани со тоа и нема да имате време за одмор. Останатите овни ќе се покажат како добри домаќини и ќе го соберат семејството на ручек. Ако сте слободни, дружењето и комуникацијата ќе ви биде на прво место. Тоа особено ќе дојде до израз вториот ден од викендот кога е можно да запознаете личност родена во воздушен знак.

БИК

Комуникацијата со семејството ви е добра, но своето уживање го ставате пред се и поради тоа ќе се обидете да им се наметнете избирајќи некое познато и скапо место. Имате потреба да бидете во центар на вниманието и да се покажете во вистинско светло без лажна скромност. Ако сте слободни, ќе бидете опкружени со многу интересни личности и ќе ви биде тешко да се заинтересирате само за една.

БЛИЗНАЦИ

Вие сте личност која има голема потреба за комуникација и за дружење. Местата кои се преполни со луѓе, се цел на вашите вечерни излегувања. Но, викендов сите ќе бидат изненадени од потребата да останете дома и да комуницирате со семејството. Имате нагласена потреба да учествувате во семејните договори и да им наметнете дел од своите интереси. Вториот ден од викендот сепак нема да му одолеете на друштвото и ќе му се придружите. Личноста родена во воздушен знак, која неодоливо ве привлекува, ќе биде таму и ќе започнете комуникација. Другото зависи од вас.

РАК

Грижата околу еден член од семејството ве оптоварува и викендов ќе имате потреба да му се посветите и да му покажете дека многу ви значи. Оставете ги емоциите на страна и обидете се да се опуштите. Бидете внимателни и не покажувајте нервоза. На тој начин можете да срушите се што сте испланирале. Доколку сте слободни, очекувајте средба со мистериозна личност родена во воден знак. Личноста е многу затворена и тоа највеќе ќе ве привлече кон неа.

ЛАВ

Ги имате сите причини да бидете задоволни од себе, но како нешто да ве тера назад. Имате потреба да се враќате назад и да се преиспитувате. Опуштеноста и самоувереноста која вообичаено ве краси е намалена и пријателите не можат да ве препознаат. Дел од тоа што ве измачува се и некои нерешени семејни проблеми. Партнерот е нервозен и агресивно се обидува да ви се наметне. Тоа ве тера уште повеќе да се повлекувате. Доколку сте слободни, можна е порака од некоја личност која одамна ја знаете. Прочитајте ја и не отфрлајте ја без да размислите.

ДЕВИЦА

Ги користите сите начини да им се приближите на пријателите и да го обновите контактот што во изминатиот период го имавте прекинато. Вашето повлекување предизвика револт кај пријателите и сега имате желба на некој начин да го поправите односот. Грижата која ќе ја покажете ќе биде навистина искрена и повторно ќе се вратите во кругот на оние кои ви значат. Доколку планирате заеднички одмор, не им се наметнувајте со своите идеи. Дозволете и тие да имаат свое мислење. Обрнете внимание на една личност родена во воден знак.

ВАГА

Преполни сте со самодоверба и имате потреба да бидете во центар на вниманието. Пријателите и семејството не можат да ве препознаат, особено поради потребата да им се наметнете. Тие се навикнати да се однесувате дипломатски и да не го зголемувате тонот непотребно. Викендов е можно да отпатувате на краток пат, но бидете особено претпазливи со трошоците. Имате зголемена потреба за трошење што може сериозно да ви го наруши семејниот буџет. Доколку сте вљубени, очекувајте прекрасен викенд со многу пријатни средби.

СКОРПИЈА

Препуштени сте на емоциите и немате особена потреба за дружење. Се уште се чувствувате како целиот свет да лежи на вашите плеќи и имате голема потреба да отидете некаде и да заборавите на се. Викендов ќе се занимавате со домашните работи и тоа ќе ви одземе поголем дел од времето. Доколку сте осамени, време е сериозно да размислите дали личноста за која постојано размислувате го заслужува тоа.

СТРЕЛЕЦ

Викендов ќе се занимавате со семејните финансии. Тоа никако не ви оди од рака и ќе морате да побарате помош од партнерот или од некој член на семејството. Имате потреба работите да ги доведете во ред и тоа ве прави нервозни и избувливи. Ако планирате пат, одберете место каде што ќе можете да заборавите на се и да соберете енергија за периодот кој ве очекува. Партнерот е посветен на семејството и тоа ви пречи. Имате зголемена потреба за внимание. Ако сте осамени, движете се на места каде што има добра храна. Може да сретнете некого што ќе ве заинтересира.

ЈАРЕЦ

Ако планирате некое реновирање или градење, викендов ќе ви помине во работна атмосфера. Всушност вие повеќе имате желба работите да останат по старо, но не можете да му се спротивставите на притисокот на семејството. Како да сте фатени во стапица и не можете да излезете од неа. Ако планирате пат, бидете претпазливи и не влегувајте во конфликти со партнерот или некој член од семејството. Најдобро е да се повлечете и да заборавите на своите тврдоглавост и суета. Доколку сте слободни, една личност од минатото ќе ви испрати глас преку пријател.

ВОДОЛИЈА

Работата ви одзема поголем дел од времето и поради тоа го запоставивте дружењето. Пријателите не ви забележуваат, затоа што знаат дека имате приоритети на кои морате да им се посветите. Работите ви одат добро, но вие сакате многу повеќе од она што го добивате и поради тоа ве обзема нервоза. Можно е да отидете на краток пат, но и таму ќе ја пренесете нервозата и нема да можете да се опуштите. Ако сте слободни, можна е средба со личност родена во воздушен знак. Конверзацијата ќе биде добра, но за ваша жал, кратко ќе трае.

РИБИ

Имате зголемена потреба за љубов. Сакате и да примате и да давате, но не, скриено како што тоа вообичаено го правите, туку сакате на сите да им ставите до знаење што чувствувате. Периодов ви е многу добар и не знаете како да се справите со толкав наплив на емоции. Потребата за жртвување ќе биде помала од вообичаено, но сепак нема да можете да избегате од себе.