ВИКЕНД ХОРОСКОП: Крајот на викендот носи неочекувана парична добивка за еден знак
Овен
Не реагирајте непромислено и не дозволувајте вашите соработници да ве вовлечат во трачеви. Засега, се наоѓате во улога на набљудувач. Можете да планирате нови проекти, а од ден на ден се повеќе се сложуваат коцките кои вам ви одговараат. Средете ги сите административни работи, а до крајот на викенот ве очекува непланирана финанска добивка.
Бик
Размислете на кој начин да ги искористите вашите контакти и способности. Извесни работи почнуваат да се менуваат и ве тераат да размислувате. Засега не правете некои драстични промени. Соработниците имаат некоји нови барања од вас и тоа вам многу ќе ви пречи. Финансиски полека почнувате да се стабилизирате.
Близнаци
Ги променивте ставовите кога е во прашање работата. Од ден на ден го менувате мислењето за многу работи. Вашиот критички дух ќе привлече внимание на вашите соработници и можни се расправии. Стрпете се и почекајте го крајот на викендот, бидејќи многу работи зависат од вас.
Рак
Вие не сте знак кој е наклонет на големи испади во последно време, па придражувајте се до тоа и во овој период. Можна е нова понуда за работа, но не брзајте најдобро е да почекате малку. Финансиската состојба се подобрува. Сега изгледате многу подобро од кога било.
Лав
Потрудете се овие два дена да ги искористите да прошетка и за максимална релаксација. Наполнете ги добро батериите и поразговарајте со некоја блиска личност во врска со проблемите со кои се соочувате. Во недела поминете го денот со вашиот партнер и целосно посветете му се.
Девица
Викендов е дефинитивно полн погодок за вас. Ви претстојат неколку промени, кои ќе направат да се чувствувате возбудено. Искористете го паметно викендот и отпатувајте до некоја блиска дестинација со пријателите, каде ве очекуваат многу авантури.