Викенд хороскоп: Лош период за 4 ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ
ОВЕН
Насочете го вашето внимание на некои пријатни случување и не оптеретувајте се со негативни работи на кои не можете да влијаете. Нема да влијаете ни овој викенд на едно нешто- на вашата неконтролирана стресна ситуација. Запрашајте се зошто е тоа така?
БИК
Му замерувате на партнерот и му префрлате без причина, не оптеретувајте се толку со мали работи, не може да биде само онака како што вие си имате замислено. Овој викенд цело време ќе бидете напнати. Дали е време да смените некои нешта поврзани за ваши навдно блиски личности?
БЛИЗНАЦИ
Имате нереални очекувања кога е љубовта во прашање. Никој не може да ги исполни високите критериуми и вие се тешите дека ќе ви биде подобро без нив. Но, дали ви е? Цел викенд стрес без потреба. Нема да можете ни самите да се поднесете.
РАК
Доживеавте големо разочарување, но одбивате да се соочите со тоа. Дајте си себе време да застанете на нозе, нема потреба да се форсирате. Но, овој викенд е време да фрлите во ѓубри некои стари мисли за ваши блиски пријатели. Никој не ви е виновен за ситуацијата во која се наоѓате. Не ги правете другите виновни.
ЛАВ
Умеете да освоите нечии симпатии и немојте да дозволите да ви недостасува имагинација или инспирација тогаш кога ви е најпотребна. Многу акумулирана нервоза овој викенд. До каде мислите да одите со вашата неконтролирана стресна ситуација? Не може секогш да сме среќни, но можеме да бидеме задоволни и со тоа што го имаме.
ДЕВИЦА
Некој ви упатува љубовни пораки и директно ви дава до знаење што мисли или чувствува, но вие сте неодлучни. Викендов ве чека целосен пресврт. Внимавајте! Како тргнале нештата, добро ќе биде да останете смирени!
ВАГА
Ќе се сретнете со стара симпатија и ќе ви се укаже можност да продолжите каде што сте застанале. Романсата повторно чука на вашата врата. За другите кои се во врска или брак овој викенд нема да биде се како што треба. Нервоза од сите страни.
СКОРПИЈА
Љубоморни сте и мислите дека партнерот нешто крие од вас. Не носете нагли одлуки и решете ги проблемите со разговор. Почнете го викендот со убаво кафе. А, многу нешта овој викенд ќе ви се разјаснат. На пример, кој цело време ви работи зад грб.
СТРЕЛЕЦ
Ќе сретнете стара симпатија и тоа ќе ве усреќи, но мора да сфатите дека луѓето се менуваат и дека ќе имате впечаток како да запознавате потполно поинаква личност. Викендов стрес, депресија и нервоза предизвикана од најблиска личност.
ЈАРЕЦ
Вашиот партнер точно знае што сака да оствари, додека вие се премислувате. Немојте тоа да влијае на вашата врска, пробајте да се избалансирате помеѓу овие две крајности. Овој викенд нема да бидете мирни. Неспокој предизвикан од пријател.
ВОДОЛИЈА
Изненадувањата се можни во различни правци. Доколку нешто не пробате, нема ни да знаете дали е добро или не. Премногу сте негативни, пробајте да се расположите. А, целиот викенд ќе ви помине во нервоза и сомнеж за една личност која сметавте дека ви е блиска.
РИБИОбврските ви се натрупани и ќе имате впечаток дека нема да успеете да се изборите со нив овој викенд. Ќе имате помош, така брзо ќе завршите и ќе уживате во викендот. Но, нема сосема да биде мирно. Ќе дознаете дека една блиска личност упорно ве лажела цело време.